Фирмите чекаат минута до 12 за да се пријават за е-даноци

Bez autora
Jun 27 2013

До крајот на месецов уште 4.244 фирми треба да преминат на системот за електронско пријавување даноци на Управата за јавни приходи. Доколку не го направат тоа, нема да можат да ги поднесат даночните пријави за ДДВ, кои инаку треба да ги достават до 25 наредниот месец, а ризикуваат да платат глоба која достигнува до 3.500 евра, предупредуваат од УЈП. Иако во изминатите денови околу 2.000 фирми се регистрирале на системот за е-даноци, очигледно е дека повеќето од нив го чекаат последниот момент за да ја завршат законската обврска. Станува збор за фирмите кои даночните пријави за ДДВ ги доставуваат тримесечно, чија законска обврска е преминувањето кон електронска достава на даночните документи да го направат до крајот на јуни, бидејќи веќе од следниот ден шалтерите на даночната управа ќе престанат да примаат документи во хартиена форма.

Фирмите чекаат минута до 12 за да се пријават за е-даноциДо крајот на месецов уште 4.244 фирми треба да преминат на системот за електронско пријавување даноци на Управата за јавни приходи.

Доколку не го направат тоа, нема да можат да ги поднесат даночните пријави за ДДВ, кои инаку треба да ги достават до 25 наредниот месец, а ризикуваат да платат глоба која достигнува до 3.500 евра, предупредуваат од УЈП.

Иако во изминатите денови околу 2.000 фирми се регистрирале на системот за е-даноци, очигледно е дека повеќето од нив го чекаат последниот момент за да ја завршат законската обврска. Станува збор за фирмите кои даночните пријави за ДДВ ги доставуваат тримесечно, чија законска обврска е преминувањето кон електронска достава на даночните документи да го направат до крајот на јуни, бидејќи веќе од следниот ден шалтерите на даночната управа ќе престанат да примаат документи во хартиена форма.

Со новините во даночното работење, досегашниот начин на поднесување хартиени даночни пријави на шалтерите на УЈП се заменува со електронски начин на комуникација, кој овозможува 24-часовно поднесување пријави, седум дена во неделата, појаснуваат од УЈП.

Даночниците апелираат и други 11 илјади правни лица, кои инаку не се обврзници за ДДВ, до крајот на месецов да се пререгистрираат на новиот систем на УЈП за е-даноци, бидејќи стариот ќе биде згаснат. Оваа процедура, како што објаснуваат од даночната управа, е поедноставна бидејќи не е поврзана со одлуки во самите фирми, туку само со пререгистрација на новиот систем.

„Во оваа група се опфатени и правни лица кои се веќе регистрирани на стариот систем, како и вршители на дејност кои не се обврзници за ДДВ, но ги користат услугите за други намени, како што е поднесување даночни биланси и други документи преку интернет“, велат во УЈП. Од даночната управа велат дека нема можност да се пролонгира времето за пререгистрација, бидејќи на таков начин во функција паралелно би биле два системи.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik